НАСТАНИ

Голема ЕКО Наградна Игра – „Ја сакам мојата Општина“


Од 17.04.2019 год. па сè до 13.06.2019 година во тек е реализација на првиот циклус од нашата наградна игра насловена „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“. Во овој циклус опфатени се општините Неготино и Радовиш.

Сè што треба да направите е во посочениот период да го однесете вашиот електричен и електронски отпад во нашите ЕКО Магацини, кои се лоцирани на следниве места:

  • Општина Неготино: ЈКП Комуналец – Неготино, ул. Маршал Тито бр. 49, и
  • Општина Радовиш: ЈП Плаваја, ул. Св. Спасо Радовишки б.б. Радовиш.

Од страна на овласетните лица, ќе добиете соодветен број на купони кои потоа ќе бидат предмет на извлекување на вредни награди.

Времето и местото на извлекување на добитниците од овие Општини ќе биде:

  • Општина Неготино, во10:00 часот, во просториите на Центарот за Култура Ацо Ѓорчев, на адреса ул. Даме Груев б.б. – Неготино и
  • Општина Радовиш, во 14:00 часот, во Центарот за Култура Ацо Караманов, на адреса ул. 22 Октомври б.б. – Радовиш.

Учествувајте и очекувајте една од седумте вредни награди кои ги подготвивме за вас. Ве очекуваме!

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани