НАСТАНИ

ВЕРО Маркети – единствени со собирни места за е-отпад


Сите граѓани кои се грижат за животната средина и сакаат да се ослободат од својот е-отпад тоа можат да го сторат во Веро маркетите во нивна близина каде се поставени нашите метални корпи наменети за овој вид на отпад. Во моментот Веро се единствени маркети од ваков вид кој на своите потрошувачи им даваат можност да се ослободат од старите уреди на местото каде купуваат нови.

Електричниот и електронскиот отпад не треба и не смее да заврши во корпата заедно со останатиот комунален отпад од повеќе причини. Покрај фактот што дел од овој отпад е токсичен и може да ја загади животната средина, а со тоа и здравјето на луѓето, фрлањето на е-отпадот заедно со останатиот комунален отпад е забрането и казниво со закон.

Локации за собирање на е-отпад во ВЕРО маркетите низ Македонија се:

Град Адреса
Скопје
  • бул. Јане Сандански бр. 111, Аеродром
  • ул. Митрополит Теодосиј Гологанов б.б., Тафталиџе
  • ул. Митрополит Теодосиј Гологанов б.б., Млин Балкан
  • ул. Кеј 13ти Ноември, ГТЦ
  • ул. Џон Кенеди б.б., Чаир
  • бул. Кочо Рацин бр.1, Центар-Џамбо
  • ул. Борис Трајковски бр. 13, Кисела Вода
Битола
  • ул. Игњат Атанасовски б.б., Горно Веро
  • ул. Широк Сокак бр. 44, Широк Сокак
Тетово
  • ул. Борис Кидриќ б.б., Пазар Тетово
  • Веро Џамбо


Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани