НАСТАНИ

Национална награда во 2018 година за најдоби општествено одговорни практики на Македонските претпријатија


Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија и оваа година објавија конкурс за доделување на Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2018 година кои се реализирани во период од 01.06.2017 до 01.06.2018.

На овој конкурс, беа пријавени 15 проекти на мали и средни претпријатија и 23 проекти на големи претпријатија. Најголем број на проекти имаше во категоријата „Вложување во заедницата“ и тоа дури 17, во категоријата „Животна средина“ беа испратени 7 проекти, во категоријата „Односи кон вработените“ – 6 проекти, во категоријата „Односи на пазарот“ – 5 проекти и во категоријата „Етичко управување“ – 3 проекти.

Претпријатијата кои земаа учество во овој конкурс се од различни сектори и тоа: услужен сектор, финансии, прехрамбена индустрија, фармацевтска индустија, градежна индустрија, металопреработувачка индустрија како и здравствена заштита.

Доделувањето на наградите, беше организирано од страна на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата на ден 28.11.2018 во Клубот на Пратеници во Скопје, со почеток во 11:00 часот. Со поздравен говор не почестија министерот за економија, како и претседателот на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. На овој настан беа доделени 9 статуетки и 11 плакети за „Национална награда во 2018 година за најдобри општествено одговорни практики на Македонските претпријатија“.

Во конкуренција од 25 компании и 38 проекти, ДУО ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, се закити со статуетка во категоријата „Однос кон животната средина“ и тоа со проектот „БИДИ СУПЕР ХЕРОЈ“. Во реализацијата на овој проект зедоа учество над 42000 ученици од 52 Општински Основни Училишта од 24 Општини ширум Републиката. Сите тие, во соработка со тимот на ДУО ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, директно придонесоа за добивање на оваа Национална награда.

Голема благодарност до Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, кој нè мотивираат како нас, така и сите останати мали, средни и големи претпријатија, да чекориме кон подобрување на различни сегменти од нашето работење.


Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани