НАСТАНИ

Рециклираме, твориме и штедиме со Елкоелкт и Шпаркасе Банка“


На 13 Октомври Елколект и Шпаркасе Банка ги наградија 13-те најуспешни творби од заедничкиот проект „Рециклираме, твориме и штедиме со Елкоелкт и Шпаркасе Банка“ во просториите на Музеј на Македонија. Најуспешните творби на тема рециклирање на е-отпад и заштита на животната средина беа наградени со штедна книшка Медо Штедо со почетен паричен влог од страна на Шпаркасе Банка а Елколект им издаде пофалници за покажани исклучителни творечки вештини на учениците но и за активно учество во проектот на нивните ментори.

Ова е прва година како се одбележува 13-ти Октомври како меѓународен ден за рециклирање на е-отпад воспоставен од страна на Асоцијацијата на колективни постапувачи (WEEE Forum) со седиште во Брисел. Целта на овој ден е да се подигне јавната свест за е-отпадот и да се охрабрат потрошувачите правилно да го отстрануваат својот е-отпад со фокус на реупотреба и рециклирање на е-отпадот сега и во иднина.

„Елкоелкт како колективен постапувач од Македонија одлучи да се приклучи на европските колективни постапувачи преку спроведување на проектот „Рециклираме, твориме и штедиме со Елкоелкт и Шпаркасе Банка“ кој имаше за цел да ја поттикне креативноста на децата од основните училишта а воедно и да ја поврзе со заштитата на животната средина со фокус на рециклирањето на е-отпадот“ – изјави Фана Христовска, управител на Елкоелкт.

Во проектот беа вклучени 31,113 ученик од 53 основни општински училишта од општините: Битола, Берово, Босилово, Бутел, Валандово, Василево, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Дојран, Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Охрид, Петровец, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Струга и Струмица.

Огромниот интерес за учество во овој проект како од страна на учениците така и од страна на наставниците (менторите) претставува дополнителен мотив за Елколект одбележувањето на овој ден да го направи традиционален.

„Шпаркасе Банка како општествено одговорна компанија е посветена на учество во проекти наменети за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина. Со наградите кои ги доделуваме сакаме да ги мотивираме децата да продолжат да творат, рециклирааат но и да штедат од најмала возраст и со тоа се изградат во совесни граѓани“ – изјави Тодорка Сајкова, директор за службата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани