НАСТАНИ

НАГРАДНА ИГРА – IV Циклус 2018 година „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“


Како што се ближи крајот на оваа календарска година, така и ние во ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, го најавуваме последниот и четврт циклус за оваа 2018 година, од нашата наградна игра „Ја сакам мојата општина“. Овој пат ги опфативме жителите на Општините Илинден, Петровец и Бутел, кои во период од 01.10.2018 па се до 29.11.2018 треба да го однесат својот електричен и електронски отпад во нашите ЕКО Магацини, кои се лоцирани на следниве места:

  • Општина Петровец: ЈКП Петровец на ул. 1 б.б. Петровец,
  • Општина Илинден: ЈКП Илинден, ул. Гоце Делчев б.б., Илинден и
  • Општина Бутел:
    • пред општинската зграда, ул. Бутелска бр. 4 во Бутел,
    • пред ООУ Ацо Шопов во нас.Радишани, на ул. Радишанска бр. 68а и
    • во дворот на ООУ Петар Здравковски -Пенко нас. Скопје Север, на Бул. 2-ра Македонска Бригада б.б.

Од страна на овласетните лица, жителит на овие општини ќе добијат соодветен број на купони, кои потоа ќе бидат предмет на извлекување на среќните 7 добитници на вредни награди.

Времето и местото на извлекување на добитниците од овие Општини ќе биде:

  • Општина Петровец, во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Кочо Рацин“, на адреса ул. 1 бр. 185 – Петровец,
  • Општина Илинден, во 12:00 часот, во Домот на Култура на Општина Илинден, на адреса ул. 9 б.б. – нас. Илинден и
  • Општина Бутел, во 14:00 часот, во Општинската зграда на адреса ул. Бутелска бр.4.

Учествувајте и очекувајте една од вредните награди кои ги подготвивме за вас, Ве очекуваме.

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани