НАСТАНИ

Одбележување на меѓународниот ден за рециклирање на е-отпад


ЕЛКОЛЕКТ во соработка со Шпаркасе банка го одбележуваат меѓународниот ден за рециклирање на е-отпад, 13 Октомври и Октомври како месец на штедење преку реализација на проектот „Рециклираме, твориме и штедиме со ЕЛКОЛЕКТ и Шпаркасе банка“.

Проектот ќе се спроведува во периодот од 10.09.2018 до 28.09.2018 год во сите Општинските Основни Училишта, ширум Република Македонија, во кои активно се спроведува акцијата „Биди Супер Херој“ во учебната 2018/2019 година.

Целта на проектот е да ја поттикне креативноста кај децата од основно образование и да ја подигне нивната еколошка свест преку изготвување на уметнички творби на тема заштита на животната средина со фокус на селекција и рециклирање на е-отпад и отпадни батерии.



Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани