ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ

Трговец


“Трговец” е правно или физичко лице кое обезбедува снабдување на опрема за краен корисник, како комерцијална дејност. За трговец ќе се смета и производителот, доколку произведената или увезената опрема ја обезбедува непосредно на крајниот корисник.


Законски обврски на Трговец


  • Трговецот е должен, при продажба на опремата за домаќинства, од крајниот корисник бесплатно да презема отпадна опрема, доколку тој сака да ја предаде.
  • Трговецот го врши преземањето на отпадната опрема од домаќинства доколку се работи за опрема која по својата функција и класификација спаѓа во категориите опрема која потпаѓа под овој закон и е еднаква на продадената опрема, а бројот на парчињата на отпадна опрема е еднаков на бројот на парчиња на продадената опрема (систем еден на еден).
  • Производителот е должен на барање на крајниот корисник бесплатно да ја преземе отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата и за неа да обезбеди натамошно постапување, доколку опремата ја има испорачано на крајниот корисник.
  • Трговецот може да го одбие преземањето на отпадната опрема од домаќинствата доколку истите не му ја предадат бесплатно, опремата не претставува цел уред или се работи за отпадната опрема која е многу оштетена.
  • Доколку трговецот не ја презема отпадната опрема непосредно од крајниот корисник во време на испораката на опремата, е должен да обезбеди крајните корисници при купување на опремата да имаат можност за бесплатно предавање на отпадната опрема на продажното место на опремата или на друго место за преземање.
  • Трговецот може во договор со производителот да обезбеди преземање на отпадната опрема во места за преземање чија работа ја обезбедува производителот кој му ја добавува опремата. Како место за преземање на отпадната опрема се сметаат садовите или повеќе садови за отпадна опрема, кои се поставени во покриен простор кој е така уреден и има таква големина, отпадната опрема да не се натрупува, и уредувањето на просторот да овозможува непречено преземање на отпадната опрема.
  • Производителот отпадната опрема бесплатно ја презема од трговецот, а трговецот од производителот не смее да бара надоместок за преземање на отпадната опрема.
  • За местата за преземање како и за собраната отпадна опрема во рамките на својот деловен простор, трговецот не треба да поседува соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпадот.
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани