ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

Конференција за европските искуства за управување со отпад


Во Скопје денеска ќе се одржа меѓународна конференција на која ќе бидат презентирани европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпад. На конференцијата е најавено присуство на компании од Европа кои се занимаваат со оваа проблематика. Ќе бидат претставени начините на функционирање на системите за управување со посебните текови на отпадот во Германија, Бугарија и во Чешка, а ќе стане збор и за европските предизвици и очекувања од системите за управување со посебните текови на отпадот, како и за учеството на општините. Конференцијата ја организира Асоцијацијата за управување на посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија.

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани