ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

Управителот на компанијата Елколект ДОО, Фана Христовска, на 24.07.2017 година гостуваше во утринската емисија на Тв Сител „ Ја сакам Македонија“


  • 24.07.2017
  • Извори: Sitel TV

Управителот на компанијата Елколект ДОО, Фана Христовска, на 24.07.2017 година гостуваше во утринската емисија на Тв Сител „ Ја сакам Македонија“. Низ корисни информации и едукативни совети за граѓаните, комапнијата Елколект ДОО, потсети на неопходноста од посебен третман на електричниот и електронски отпад кој не смее да се меша со останатите видови отпад. Елколект ДОО, како компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017та година, континуирано спроведува наградни игри и еко акции како за возрасните така и за децата. Заклучно со ноември 2017та година, во тек е и големата еко акција собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ Република Македонија, чија цел е да го поттикне создавањето на добри навики кај децата уште во раната возраст и да го намали количеството на отпадни батерии кои ќе завршат во животната средина. Преку наградните игри, еко акциите и општествено одговорните активности, компанијата Елколект ДОО сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје..

 

 

 

 

 

 

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани