ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

Елколект со голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ Република Македонија


Елколект со голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ Република Македонија

 

Суперхероите од нашите училишта со поддршка на Елколект ќе ја чистат животната средина од отпадните батерии


Од оваа пролет, заклучно со месец ноември, компанијата Елколект започна голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Република Македонија.
Општините кои се опфатени со оваа еко акција се: Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца ,  и Ново Село .
Во соработка со училиштата, компанијата Елколект подготви едукативно - информативен материјал и наменски еко кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во еко кутиите учениците ќе ги оставаат отпадните батерии кои се создаваат во нивните  домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите да ги загадат почвата, подземните или површинските води.

Компанијата Елколект како лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, континуирано презема конкретни чекори за подигање на јавната свестпрвично кај децата за неопходноста од примарна селекција  на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад.

Целта на Елколект при спроведување на оваа голема еко акција е да го поттикне создавањето на добри навики кај децата уште во раната возраст и да го намали количеството на отпадни батерии кои ќе завршат во животната средина.

Оваа акција Елколект ќе ја спроведе во следните основните училишта:

 

 

ИМЕ НА ОПШТИНА

ИМЕ НА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ

БИТОЛА

„Стив Наумов“

„Климент Охридски“

„Даме Груев“

„Коле Канински“

„Тодор Ангеловски“

ДЕБРЦА

„Дебарца - с.Белчишта“

БОСИЛОВО

„Гоце Делчев“

КРИВА ПАЛАНКА

„Јоаким Крчовски“

РАНКОВЦЕ

„Христијан Тодоровски Карпош“

ВАСИЛЕВО

„Гоце Делчев“

КУМАНОВО

„Христијан Тодоровски Карпош“

“Браќа Миладиновци“

„Крсте Мисирков“

„Кочо Рацин“

„Јеоним де Рада“

ГАЗИ БАБА

„Григор Прличев“

„Наум Наумовски –Борче“

„25 Мај“

„Стив Наумов“

„Крум Тошев“

СТРУМИЦА

„Сандо Масев“

„Видоје Подгорец“

НОВО СЕЛО

„Манус Турновски“

ОХРИД

„СВ.Климент Охридски“

„Христо Узунов“

 

 

 

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани