ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

ГОСТУВАЊЕ НА КОМПАНИЈАТА ЕЛКОЛЕКТ И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УЧИЛИШТЕТО „СТИВ НАУМОВ“ НА „ЗДРАВО МАКЕДОНИЈО“


  • 24.03.2017
  • Извор:ТВ Канал 5

ГОСТУВАЊЕ НА КОМПАНИЈАТА ЕЛКОЛЕКТ И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УЧИЛИШТЕТО „СТИВ НАУМОВ“ НА „ЗДРАВО МАКЕДОНИЈО“

 

Маркетинг менаџерот на Елколект, Здравко Зинзиров, заедно со  учениците од основното училиште „Стив Наумов“ и нивната професорка по физика Биљана Ристоска, денес гостуваа во најгледаната утринска емисија во Република Македонија, „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.
Поводот за гостувањето беше еко акцијата спорведена во основното училиште „Стив Наумов“ во која беа собрани 30 килограми отпадни батерии.
Компанијата Елколект како лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, презема конкретни чекори за подигање на јавната свест како кај возрасните, така и кај децата, истакна особено задоволство што младите ја примиле пораката за неопходноста од посебен третман како на отпадните батерии и акумулатори така и на е-отпадот кој не смее да се меша со останатите видови отпад.
Компанијата Елколект најави активности од сличен карактер, со кои, во тековната 2017та година ќе бидат опфатени 30 основни училишта од цела Република Македонија.

 

 

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани