ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

Едноставни чекори, со кои можеме уште веднаш постепено да го подобруваме квалитетот на нашето секојдневие, своето здравје и здравјето на нашите поколенија и да помогнеме во зачувувањето на нашата животна средина


1. Регулирањето на трошењето на вода дефинитивно е начин како поединците позитивно да влијаат на зчувување на планетата. Превземањето мерки да се користи помалку вода е нешто што можете да почнете да го направите веднаш. Ако живеете во област со недостаток на вода, овој чекор е од исклучителна важност за здравјето на животната средина во вашата околина.

- Проверете дали некаде протекува вода

- Инсталирајте уреди што заштедуваат вода (туш со слаб проток)

- Не ги мијте садовите со континуирано пуштена чешма

- Заменете ги старите тоалети со нови што употребуваат помалку вода

- Перете и сушете полни машини со садови или облека

- Не користете премногу вода во вашите тревници и дворови

- Не ја оставајте чешмата пуштена додека миете заби

2. Користете помалку хемикалии. Хемикалиите кои се користат за да ги измијат нашите тела, домови, куќи, автомобили и друго, завршуваат во одводите, во земјата, а на крајот завршуваат во снабдувањето со вода. Бидејќи повеќето луѓе користат тешки хемикалии за различни цели, хемикалиите прават вистинска голема штета на водите и водниот свет. Хемикалиите не се добри ниту за луѓето, намалете го нивното користење.

- Научете како се прават алтернативни препарати за чистење во домовите што не содржат опасни хемикалии. На пример, растворот бел оцет; водата може да исчисти повеќе различни површини. Сода бикарбона и сол се евтини, нетоксични средства за чистење, но секако треба да се користат во умерени количини.

- Кога нема добри алтернативи на одреден токсичен елемент, утврдете ја најмалата потребна количина за најефективен санитарен резултат во секое чистење. Обрнување на внимане на количината може помогне во заштитувањето на животната средина и да зачува финансиски средства.

- Наместо користење на шампони и сапуни базирани на хемикалии, научете како да ги направите сами.

- Наместо користење на пестициди и хербициди, најдете природен начин како да се ослободите од тревите и штетниците.

3. Ослободете се од вашиот електричен и електронски отпад. Во последната деценија, технологијата се менува со навистина брзо темпо што значи дека со истото тоа темпо таа застарува. Кога технологијата ќе застари и ќе стане неупотреблива, често знаеме да ја оставиме во некој ќош од подрумот, а притоа да не сме свесни за штетата која може да ја предизвика. Материјалите од кои се изработуваат електронските и електрични апарати на денешната технологија можат да бидат токсични за луѓето и околината. За среќа, тие се рециклираат и можат да се пренаменат. Овој вид на отпад не смее да заврши на депониите.Неколку начини како едноставно да се ослободите од електронскиот и електричен отпад и да помогнете во зачувувањето на здравата и чиста животна средина.

- Информирајте се што претставува е-отпад и кој е колективен постапувач со е-отпад во вашата општина

- Однесете го вашиот стар телевизор, акумулатор или сличен дотраен електронски или електричен уред до најблиското општинско собирно место за Е-отпад на Елколект или информирајте се како да постапите со ваков вид на отпад

- Сите искористени батерии, неупотребливи компјутерски делови, телефони од минатиот век и слични производи, селектирајте ги и отстранете ги од домовите

Информирајте ги луѓето од вашата околина за значењето и потенцијалната штетност на дотраените електрични и електронски уреди и истите упатете ги до најблискиот еко магацин на Елколект

 

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани