ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

ЗАЗЕЛЕНИЈА УЧИЛИШНИТЕ ДВОРОВИ ВО КАРПОШ


По повод „Денот на дрвото-Засадија ја својата иднина“, учениците од трите основни училишта „Братство“, „Јан Амос Коменски“ и „Димо Хаџи Димов“, денеска ги зазеленија и збогатија своите училишни дворови. Оваа акција, која е во организација на Одделението за животна средина при локалната самоуправа, се спроведува веќе трети пат која е од исклучителна важност за зачувување на здравата животна околина.

Основците заедно со своите наставници, засадија 45 дрвца од видот чемпрес и туја, а кои се донација од фирмата за електронски отпад „ЕЛКОЛЕКТ-ДОО“.

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани