ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

ДОНЕСИ Е-ОТПАД, А ОДНЕСИ ВРЕДНА НАГРАДА


Од 30 октомври до 1 ноември, на плоштадот Магнолија во Битола се организира голема акција за собирање на електричен и електронски отпад.

Компаниите Екоцентар 97 и Елколект од денеска до недела организираат голема акција за собирање на електричен и електронски отпад, која ќе се одржи на Плоштадот Магнолија во Битола.

Сите граѓани кои имаат стари електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на оваа акција, ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад а истовремено и ќе станат потенцијални добитници на многу вредни награди, за кои извлекувањето ќе се оддржи в недела во 12 часот.

За време на настанот АМЦ, Мотоцентар, Јоки и Пан Европа на сите учесници ќе им доделат и ваучери со попусти.

Спроведувањето на оваа акција е од огромна важност поради подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе имаат опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад во контејнери.

Компаниите Екоцентар 97 и Елколект, во чија организација е овој настан, се залагаат за спроведување на законот за електронски отпад и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.

Зачувувањето на природните ресурси и заштита на природната средина, се само дел од придобивките од рециклирањето на е-отпад, токму затоа бидете и вие дел од оваа голема општествено одговорна акција.

РАЗМИСЛИ ЗА ИДНИНАТА,РЕЦИКЛИРАЈ!

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани