ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ

Поседувач


“Поседувач“ е правно или физичко лице кое ко- ристело, користи или има намера да користи опрема, односно лице кое со вршењето на својата дејност по- стојано или привремено создава отпадна опрема, а како поседувач, во смисла на овој закон, не се сметаат граѓаните или домаќинствата;


Законски обврски на производителот, поседувачот и/или трговецот како крајни корисници


Производителот, поседувачот и/или трговецот кој за вршење на својата дејност или активност, сам увезува опрема и за тоа нема претходен посредувач или доставувач во Република Македонија и со тоа истовремено е и краен корисник, е должен за отпадната опрема што тој ја создава да обезбеди постапување на следниов начин:

  • Да склучи договор со колективниот постапувач кој во негово име и за негова сметка ќе обезбеди натамошно постапување со отпадна опрема или
  • Самостојно да постапува со отпадната опрема
  • Трговецот кој врши продажба на опрема е должен за опремата која ја продава да обезбеди:
    • означување
    • писмена изјава од правното лице од кое набавува опрема дека има склучено договор со колективен постапувач или дека тоа правно лице е самостоен постапувач или
    • писмена изјава дека опремата произлегува од правно лице кое е мал производител
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани