



Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, издадена на 9 март 2015 година со број 11-461/6 и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадена на 4 ноември 2015 со број 11-5661/5, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Примарна дејност на Елколект е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.
Целта на ЕЛКОЛЕКТ е да се намали негативното влијание врз животната средина низ правилен третман на собраниот отпад од електрична и електронска опрема, како и отпад од батерии и акумулатори.